Norlevo 1.5mg / Норлево /
NorLevo / Норлево 1,5 мг таблети
levonorgestrel
-
Што претставува Norlevo 1.5mg таблети и за што се користат
Норлево® 1,5 мг таблети содржат 1,5 мг левоноргестол како активна супстанца. Левоноргестол спаѓа во групата на лекови наречени гестагени. Други состојки на лекот (ексципиенси) се лактоза монохидрат, пченкарен скроб, повидон, колиден безводен силициум, магнезијум стеарат.
Норлево е орално контрацептивно средство во случај на итност, т.е. ургентна контрацепција: се користи за спречување на бременост по незаштитен полов однос или во случај на сомневање за неефикасност на класичните контрацептивни методи.
Кога треба да се користи ургентна контрацепција?
Овој контрацептивен метод треба да се користи колку што е можно побрзо, најпожелно во рок од 12 часа, а не подоцна од 72 часа (три дена), по незаштитен сексуален однос или во случај на неделување на класичниот контрацептивен метод. Ефикасноста е поголема ако лекот се земе веднаш по незаштитениот сексуален однос. Не делува ако сте бремени. Ако имате незаштитен сексуален однос по земањето на Норлево, тоа нема да ја спречи несаканата бременост.
-
Што треба да знаете пред да земете Норлево1,5 мг таблети:
Немојте да го земате Норлево® ако сте алергична (хиперсензитивна) на левоноргестол или на некоја друга состојка на Норлево®.
Употребата на Норлево® не се препорачува во следните случаи:
– Ако сте имале вонматерична (ектопична) бременост
– Ако имате инфекција на јајцеводите (салгингитис)
– Ако имате фамилијарна или лична историја за тромбоза (згрутчување на крвта)
– Ако имате тешки заболувања на органите за варење на храната што ја отежнува абсорпцијата на храната и лековите
– Или ако имате дисфункција на црниот дроб или синдром на малабсорпција (Кронова болест)
Ургентна контрацепција мора да се користи само повремено и не треба да е замена за класичен контрацептивен метод затоа што:
– не ја спречува бременоста во секоја прилика;
– постои ризик од хормонално пореметување на циклусот и не се препорачува редовна употреба.
Норлево не може да ја прекине веќе настанатата бременост.
Ако сте имале некој незаштитен сексуален однос пред повеќе од 72 часа од земањето на Норлево, можеби дошло до забременување. Третманот со Норлево по вториот незаштитен однос може да биде неефикасен.
Повеќекратна употреба на Норлево во рамките на еден менструален циклус не е препорачлива, бидејќи може да го поремети циклусот.
Норлево не функционира на ист начин како пилулите за контрацепција. Вашиот лекар ќе ве посоветува за редовна употреба на контрацептивни средства за заштита од бременот кои се поефикасни за спречување на несаканата бременост.
Влијание врз психофизичките способности
Немојте да употребувате машини или управувате со моторно возило ако ги имате поспаност и вртоглавица.
Лековите кои се подолу наведени, вклучувајќи ги и лековите кои се земаат без рецепт, можат да ја намалат ефикасноста на Норлево®
– некои лекови кои се земаат за лечање на епилепсија (fenobarbitol, phenytoin, primidone, carbamazepin).
– одредени лекови за третман на ХИВ инфекција (ritonavir)
– лекови од тревки како што се оние од кантарион (hypericum perforatum).
Ве молиме кажете му на Вашиот лекар ако сте земале било какви други лекарства вклучително и оние достапни без рецепт.
-
Како се зема Norlevo 1.5mg
Норлево е за орална употреба. Таблетата треба да се испие со чаша вода и не треба да се џвака. Таблетата треба да се зема што е можно побрзо, по можност во рок од 12 часа по незаштитениот сексуален однос, а не подолго од 72 часа (три дена) по односот. Норлево може да биде употребен во било кое време од менструалниот циклус. Доколку повратите во рок од три часа по земањето на таблетата, треба гведнаш да земете друга таблета.
По употреба на ургентната контрацепција, до следниот менструален циклус треба да користите локален метод за контрацепција (кондоми, спермицид, цервикална капа). Ако по употребата на Норлево® имате друг незаштитен сексуален однос (во текот на истиот менструален циклус), таблетата нема да има контрацептивен ефект и постои ризик од забременување. Користењето на Норлево® не е контраиндицирано со редовната хормонална контрацепција.
По употребата на Норлево, менструалното крварење обично е нормално и започнува на вообичаениот ден, но сепак понекогаш може да биде неколку дена подоцна или порано.
Ако почетокот на крварењето доцни повеќе од 5 дена или крварењето е невообичаено, намалено или пак обилно или ако мислите дека можеби сте бремена, треба да проверите дали сте бремена, со тест за бременост. Ако сте забремениле и по земањето на овој лек, важно е да се консултирате со Вашиот доктор.
Норлево® можи да предизвика несакани дејства, но тие не се јавуваат кај сите пациенти.
Многу чести несакани дејства: вртоглавица, главоболка, гадење, болка во долниот дел на стомакот, преосетливост во градите, доцнење на менструација, обилно менструално крварење, крварење, замор.
Чести несакани дејства: дијареја, повраќање.
Лекот да се чува на места недостапни за деца.





