Nutribén hidrolizada млеко со специфична формула прилагодена да помогне кај доенчиња кои од првите денови на животот пројавуваат алергија кон протеините на кравјото млеко и интолеранција кон лактоза (шеќерот во млекото).
Нутрибен Хидролизада содржи FOS, Нуклеотиди, АА и DHA. Млекото со хидролизирани протеини може да се препишува од лекар педиатар во случаеви на алергија од протеините во кравјото млеко, во случаеви на дијареа кај доенчиња под 3 месеци и во случаеви кај децата со атопичен дерматит. Прилагоден и соодветен е за доенчиња бидејќи има неутрален вкус, арома и природна боја на млекото. Некои доенчиња пројавуваат алергија кон протеините во кравјото млеко додека некои доенчиња имаат интолеранција кон лактоза, но има и такви случаеви кога двете состојби се присутни кај истото доенче. Ваквите состојби се честа појава. Во овие случаеви се препишуваат специфични формулации кои содржуваат хидролизирани протеини на кравјото млеко како што е случај со Нутрибен Хидролизада. Кај доенчињата кои имаат интолеранција кон латоза (недостаток на секреција на ензимот лактаза), симптомите обично се појавуваат од 30 минути до 2 часа после консумирање на храна богата со лактоза како што е млекото. Симптимите се: нарушување на варењето на храната проследена со надуеност и гасови, болки во стомакот и дистенција, дијареа, повраќање, често плачење, губење на телесната тежина како резултат на оштетување на вилите на цревата, состојба која предизвикува потешкотии и слаба апсорпција на нутриентите. Протеините на млекото се главни фактори на предизвикување на алергии. За да се намали ризикот од алергии кон млекото потребно е протеинските фракции на кезеинот да се отстранат (процес познат како хидролизирање) во помали молекули, процес кој драстично го намалува ризикот од алергии (до 90% од доенчињата) на протеините од млекото.
Новата формулација Нутрибен Хидролизада се разликува од другите формулации на пазарот бидејќи протеините се целосно хидролизирани и без лактоза. Кај Нутрибен Хидролизада, казеинот е 100% хидролизиран и 99% на пептидите се со големина под 2000 Далтони. Ова влева висока сигурност и ја намалува можноста за појава на алергични реакции. Комплетирана формула (2 во 1) посебно препорачано за третман на:
-Доенчиња алергични кон лактоза на кравјото млеко
-Интолеранција кон лактоза (родено или преодно)
-Доенчиња кои пројавуваат знаци на атопичен дерматит (со алергична природа)
-Гастроентеритис е резултат на недостаток на ензимот лактаза кај цревата
Високата концентрација на масни есенцијални киселини Омега 3 (DHA) и Гама линолеик киселини (Омега 6) овозможува нормален развој на нервниот систем кај доенчињата, значително ги намалува воспаленијата во телото и влијае во облажување на атопичниот дерматит. Содржи пребиотични влакна FOS (фруктоолигосахариди) кои помагаат во множењето на пробиотичните бактерии и го зајакнуваат имунитетот кај доенчињата. Содржи триглицериди со среден синџир кај кои варењето и апсопцијата се лесни, ЕСПГХАН и ЕСПАЦИ препорачуваат нивно користење кај доенчињата кои пројавуваат проблеми со алергии и апрорпција на хранливите материи. Како резултат на ова бубрезите на доенчињата не се оптоваруваат. Кај овој производ амино киселините Л-Цистеин се заменети со Л-Цистин со што тиоле групата не е слободна, која овозможува подобрување на вкусот и аромата на производот. Збогатената содржина со нуклеотиди помага во соодветното одржување на имунолошкиот систем, соодветен развој на гастроинтестиналниот тракт, стимулирање на флората во цревата како и регулирање на метаболизмот на липопротеините.
Достапно во паковање како:
Nutribén H.A. 1 800гр
Nutribén H.A. 2 800гр