Nutricia DIASIP

245 ден

Храна за посебна медицинска намена за диететско регулирање кај пациенти со дијабетес мелитус или хипергликемија. Nutricia DIASIPе нутритивно комплетна храна која содржи диететски влакна.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Nutricia DIASIP

Храна за посебна медицинска намена за диететско регулирање кај пациенти со дијабетес мелитус или хипергликемија. Nutricia DIASIPе нутритивно комплетна храна која содржи диететски влакна.

Производот е наменет за употреба кај пациенти:

  • Со Дијабетес мелитус тип I и II
  • При интолеранција на глукоза
  • За подобро спроведување на диететски режим на исхрана (кај пациенти со дијабет или друг тип на диететски режим)
  • Погоден е како ужина кај пациентите со дијабет (ја задоволува потребата за благо)

Nutricia DIASIP Со својот специјален состав (протеини од кравјо млеко и соја, растителни масти, лактоза, изомалтулоза, масни киселини, каротеноиди, влакна, антиоксиданси, витамини) претставува едноставно, а успешно решение за адекватна исхрана кај заболени кај кои е неопходно да се спроведе дијабетична диета.

  • Низок гликемиски индекс 12%
  • содржи 6 видови диететски влакна
  • без холестерол
  • без глутен
  • достапен со вкус на ванила

Дозирање:
Препорачано дозирање на Nutricia DIASIP е 1-3 шишиња Diasip на ден како дополна на исхраната, 7-10 шишиња дневно како единствен извор на исхрана, освен ако лекарот или нутриционистот не ви препорачаат поинаку.

Употреба:
Да се чува на суво и ладно место. Промешајте го шишето пред употреба. Производот е подготвен за употреба, најдобро е да се пие ладен. Погоден е за употреба како единствен извор на исхрана. Несоодветен за употреба кај деца под 3 години. Да се употребува со зголемена претпазливост кај деца од 3-6 годишна возраст. Се пие пополека, голтка по голтка околу 20 минути.