OILAGE Синдет за чистење на лицето
Face cleansing oil syndet
Ефикасно ја чисти и храни чувствителната кожа на лицето, вратот и деколтето со знаци на стареење. Не ја дехидрира кожата или предизвикува чувство на затегнатост, ја зајакнува структурата и отпорноста кон надразнувачи од околината.
- Отстранува шминка и сите нечистотии без да предизвика иритација.
- Специјална формула за чувствителна кожа со средства за чистење кои ја оставаат чиста, без да се наруши физиолошката рамнотежа: не предизвикува иритација, затегнатост или дехидрација.
- Ја регенерира кожата и ги надополнува нејзините хранливи потреби.
Уникатна комбинација на изоифлавони од соја со комплексот TriOleum кој содржи: масло од Ноќниче, Авокадо и Соја, го спречува стареењето на кожата дури и за време на вашата дневна рутина за нега на кожата. Ја остава кожата негувана, мазна, мека и еластична.
Формира оклузивна бариера на епидермисот и го штити од загадената околина. Незаситени масни киселини, ниацинамид и Polyquaternium-7 ја надополнуваат липидната бариера и помагаат во одржување на оптималното ниво на хидратација и потхранување на кожата. Формулата против надворешното загадување, ја стимулира отпорноста и бариерната функција на епидермисот, спречувајќи честички и други загадувачки материи да навлезат внатре, и штити од штетните ефекти на климатските промени или брзите промени на температурата.
СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: Дневно чистење на чувствителна кожа на лицето, вратот и деколтето со знаци на стареење.
Упатство за употреба:
Користете го наутро и навечер, или во зависност од индивидуалните потреби. Нанесете мала количина на влажна кожа. Нежно масирајте со кружни движења, а потоа темелно исплакнете со вода.
КЛИНИЧКИ ТЕСТИРАНО