Operil спреј за нос, за возрасни, 0,05%, 10ml

270 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Operil спреј за нос / operil sprej za nos / Оперил спреј за нос, раствор /

1 ml раствор содржи: оксиметазолин хидрохлорид . . . 0,5 mg (еквивалентен на 0,44 mg оксиметазолин)

Оперил спреј за нос, 0,05% се користи за:

ринитис поради обична настинка
алергиски ринитис
риносинузитис
воспаление на средното уво
операција (ендоскопска хирургија) во носот за да се намали отокот и крварењето

Предупредувања и мерки на претпазливост:
Оперил не треба да се користи кај деца помлади од 7 години. Треба да се избегнува продолжена или прекумерна употреба на овој лек.

Земање Operil, спреј за нос, 0,05% со храна или пијалоци:
Оперил, спреј за нос, 0,05% може да се користи без оглед на оброците.

Примена во бременост и доење:
Пред да започнете да земате било каков лек, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Не се препорачува употреба на Operil, спреј за нос, 0,05% за време на бременост и доење, освен по препорака на лекар. Доколку забремените за време на терапијата, консултирајте се со вашиот лекар.

Дозирање: возрасни и деца над 7 год.: 2 – 3 x 1 – 2 капки (0,05%) се капнуваат во секоја ноздрва;
деца од 1-7 години: 2 – 3 x 1 – 2 капки (0,025%) се капнуваат во секоја ноздрва;
капките да не се употребуваат подолго од 3 дена.