PoxClin пена за ладење/
Медицински производ, од природни состојки Aloe barbadensis и камилица, за нега на детската кожа со овчи сипаници. Најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање. Тоа може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, па лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.
- ја лади и смирува кожата
- брзо го ублажува чешањето
- ја намалува можноста за појава на трајни лузни
Што содржи пената за ладење?
Содржи природни состојки како екстракт од Aloe verа (aloe barbadensis), камилица и лаванда, што ја прави безбедна за примена кај деца. Содржи разладувачки состојки и навлажнувачи кои ја ладат и навлажнуваат детската кожа зафатена со овчи сипаници.
Како делува производот?
Содржи комлекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата. На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.