PROBIVAL CHOCO + C + Zn

470 ден

Со Probival Choco + C + Zn ќе бидете потполно безгрижни! Досегашните проблеми поради одбивање пробиотик или растворање на пробиотикот во лажичка сигурно повеќе нема да ги имате. Probival Choco има идеален облик – меченца со вкус на чоколадо.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна
  • Чоколадни меченца со детски добри бактерии и пробиотик со неодолив вкус кој децата го сакаат.
  • 100 % препорачаната дневна доза на цинк – ја забрзува регенерацијата на епителот на цревната слузница и го зајакнува имунитетот.
  • 100% препорачаната дневна доза на витамин C-го намалува уморот и исцрпеноста кај дијареја. Не содржи глутен, шеќери и конзерванси.

Probival Choco + C +Zn е симбиотик кој содржи пробиотски и пребиотски култури. Од пробиотските култури содржи висока концентрација на пробиотски бактерии Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis, кои се природни жители на цревниот тракт, најдолго применувани и најмногу испитувани пробиотски бактерии.

Пребиотик Inulin е билно влакно, кое го поттикнува растот и активноста на добрите бактерии, нормалната работа на цревата и варењето. Ги храни добрите бактерии и со здруженото дејство со пробиотикот го забрзува престанувањето на дијарејата.

Цинкот ја поттикнува регенерацијата на епителот на цревната слузница и ја нормализира функцијата на цревата. Ја намалува тежината и времетраењето на дијарејата. Помага во зајакнување на имунитетот и ја зголемува одбранбената способност на организмот.

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кој придонесува за зајакнување на одбранбените способности на организмот и воспоставува нормална функција на имунолошкиот систем. Благодарение на тоа што влијае за создавање на енергија на клеточно ниво, витаминот C ја намалува исцрпеноста и уморот, кои се последица на дијарејата.

ПРЕПОРАКИ ЗА УПОТРЕБА

За деца до 4-годишна возраст се препорачува едно чоколадно меченце дневно. Деца постари од четири година можат да земаат и две мечиња дневно.

Препорачливо е Probival Choco да го чувате во фрижидер, поради полесно вадење на мечињата.

Се препорачува употреба на чоко мечињата два часа пред оброк.
Доколку чоко мечињата се користат со антибиотик, се препорачува употреба два часа по земањето на антибиотикот.