Prospan капки 20ml

365 ден

За ублажување на симптомите на акутни и хронични инфламаторни заболувања на респираторниот тракт, придружени со продуктивна кашлица

Нема на залиха

Prospan капки 20ml / Проспан капки

1 ml раствор содржи: сув екстракт од лисја на бршлен (5-7,5 : 1) . . . 20 mg (средство за екстракција е етанол 30 % w/w)
Што е лекот Проспан капки и за што е наменет:
Капките Проспан се хербален лек кој се користи за ублажување на симптомите на акутни и хронични инфламаторни заболувања на респираторниот тракт придружени со продуктивна кашлица.
Забелешка: Во случај на долготрајни симптоми или отежнато дишење, треска, како и гноен или крвав спутум, веднаш треба да се консултирате со лекар.
Секогаш користете ги Prospan® капките за искашлување според препораките во упатството. Ако не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Освен ако докторот не Ви нагласи поинаква доза, вообичаената доза е:
  • Возрасни и деца над 10 години: три пати на ден по 24 капки
  • Деца на 4-10 години: три пати на ден по 16 капки
  • Деца на 1-4 години: три пати на ден по 12 капки
  • Начин на употреба: Течноста треба да се зема пред оброк.
Времетраењето на третманот зависи од видот и сериозноста на симптомите, но третманот треба да трае најмалку една недела, дури и во случај на мало воспаление на дишните патишта. Капките Prospan треба да се земаат уште 2-3 дена по престанокот на симптомите за да се обезбеди успех на терапијата.