PROTECT DEVITIN D3 400IU/ Протект Девитин/
Девитин Д3 400 ИЕ во форма на перорални капки е додаток во исхраната за деца кој го обезбедува препорачаниот дневен внес на витамин Д3 во само една доза.
Во согласност со европските и националните препораки на педијатрите, витаминот Д3 се користи превентивно во доза од 400 IU од 8-миот ден од животот, секој ден во првата година од животот, но и кај постарите деца во зимските месеци.
Дополнувањето на витамин Д3 е неопходно првенствено за бебињата кои се на природна исхрана, бидејќи мајчиното млеко не содржи доволна количина од овој витамин.
Витаминот Д3 придонесува за правилна апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот од дигестивниот тракт, со што се овозможува нормален развој и раст на забите и коските, спречувајќи ја деминерализацијата на коските, нивната кршливост и развој на рахитис.
Оралните капки DevitIN D3 400 IU содржат 10 µg (400 IU) витамин Д3 во една доза, што е многу важно за:
Правилен раст и развој на коските и забите кај децата
Правилно функционирање на имунолошкиот систем
Превенција на рахитис
Одржување на нормална мускулна функција
Оралните капки DevitIN D3 400 IU за деца имаат неутрален вкус, што дава можност за употреба кај сите возрасни групи. Тие не содржат шеќер, како и вештачки бои и вкусови. Специјално дизајнираниот апликатор овозможува едноставно и прецизно дозирање.
Содржина:
- 10 µg (400 IU) of vitamin D3
Деца од 8 дена и возрасни: една доза (400 IU) на ден.
Возрасните можат да користат повеќе дози дневно, во зависност од потребите.