RANITIDIN 75mg Hemofarm – содржи акивна супстанца ранитидин, која припаѓа на групата антагонисти на Н2-рецепторите. Наменет е за лекување на сите состојби и болести кои се карактеризираат со зголемено лачење на желудочна киселина. Желудочна киселина помага во процесот на варење на храната, но при претерано лачење може да доведе до појава горушница и отежнато варење.
RANITIDIN 75mg дејствува така што ја намалува прекумерната киселост во желудникот и ги ублажува симптомите на горушница, отежнато варење, зголемена киселост во желудникот и со неа неа поврзаното отежнато варење.
Како се употребува лекот ранитидин?
Лекот Ранитидин се применува перорално.
Возрасни (вклучувајќи постари лица) и деца на возраст од 16 години и постари :
Една шумлива таблета се раствара во чаша вода (2дл) и се пие одеднаш, веднаш штом пенењето ке заврши. Доколку симптомите се повторат, ичи траат подолго од еден час, на истиот начин се зема уште една таблета.
- не смеат да се земаат повеќе од две шумливи таблети во тек на 24 часа;
- RANITIDIN 75mg треба да се зема подолго од 6 дена без престан, без претходно советување со лекарот;
- Не смее да се зема доза од лекот поголема од препорачаната доза.
Деца на возраст од до 16 години: Примената кај деца помлади од 16 години не се препорачува.