Refalgin таблети 500mg / Рефалгин таблети
Metamizole sodium
Терапевтски индикации
Силни болки од различно потекло, како главоболка, забоболка, невралгија на тригеминалниот нерв, херпес зостер, лумбаго, ишијалгија, болки при акутен и хроничен ревматизам, мускулни болки, постоперативни и посттрауматски болки, болки при малигни заболувања, ренални и билијарни колики. Фебрилни состојби кои не реагираат на терапија со други лекови.
Користење:
| Поединечна доза | Дневна доза | Максимална дневна доза | |
| Возрасни | 1-2 таблети (500-1000 mg) | 1- 4 пати дневно | 4 g поделени во 3-4 поединечни дози |
| Деца со телесна тежина над 30 kg
|
10 mg/kg (250-500 mg) | 1-4 пати дневно | 8-17 mg/kg |
Состав:
1 таблета содржи 500 mg метамизол натриум.
Употреба за време на бременост и лактација:
Не треба да се употребува за време на бременост и доење, освен кога потенцијалната корист за мајката го надминува потенцијалниот ризик за фетусот.
Податоци за безбедноста на Refalgin таблети 500mg:
Токсичноста на метамизол е многу ниска. Досегашнте испитувања покажаа дека пролонгирана апликација на метамизол кај глувци е поврзана со висок ризик од појава на хематоми.
Кутија со 500 таблети од 500 mg во блистер пакување.





