REHIDROMIKS прашок x 5/РЕХИДРОМИКС
Rehidromiks® е синоним за раствор за рехидратација. Безбеден и сигурен избор за спречување на дехидрација и одржување на хидратација кај деца од 3-годишна возраст и возрасни. Храна за посебни медицински потреби. Со вкус на портокал и лимон.
Што е Rehidromiks® со вкус на портокал и лимон?
Rehidromix® со вкус на портокал и лимон е прашок за подготовка на раствор за орална рехидратација.
Пакувањето содржи 5 кеси x 5,46 g = 27,3 g
Упатство за употреба:
Подготовка на растворот:
Растворете ја содржината на кесичката во 250 ml зовриена вода изладена на собна температура.
Растворот можете да го чувате на собна температура до 3 часа или во фрижидер до 24 часа.
Кога и за кого е наменет?
Rehidromiks® со вкус на портокал и лимон е наменет за диетална исхрана на пациенти со губење на електролити и вода поради дијареа и повраќање.
Rehidromiks® со вкус на портокал и лимон се користи кај деца од 3 години и возрасни.