REHIDROMIKS® со вкус на малина
прашок за подготовка на раствор за надоместување на вода и електролити
ДИЕТЕТСКИ ПРОИЗВОД
ХРАНА ЗА ПОСЕБНА МЕДИЦИНСКА НАМЕНА
5 ќесички х 5.2 g = 26 g
Состојки: глукоза, натриум цитрат, натриум хлорид, калиум хлорид, арома на малина.
Подготовка на растворот: Содржината на ќесичката да се раствори во 250 ml зовриена и на собна температура изладена вода. Растворот може да се чува во ладилник до 24 часа. Пред употреба загрејте го на собна температура.
Дозирање: Лекарот ја пропишува количината и начинот на дозирање во зависност од степенот на дехидрација. Табелата за дозирање е приложена во кутијата.
Предупредување: Производот мора да се зема под лекарски надзор!
Производот не е наменет за користење како единствен извор на храна (нутритивно нецелосен производ). Производот не е за парентерална употреба. Пред употреба, внимателно прочитајте го Упатството за употреба.
Начин на чување: Да се чува на суво место! Да се чува од дофат на мали деца.




