Rehydrosal прашок за рехидратација/ Рехидросал прашок / Rehidrosal prasok / наменет за подготовка на раствор кој се користи кај лесна и средно тешка дехидрација на организмот при дијареа, изгореници и повраќање.
Се препорачува за превенција на дехидрацијата и одржување на хидратацијата кај доенчиња, деца, возрасни и сите други состојби кои се проследени со зголемена потреба за вода и електролити (подготовка на пациенти за рентгенски и ендоскопски испитувања на дебелото црево).
Rehydrosal има пријатен вкус на банана или мандарина.
Состав (1 ќесичка):
- Глукоза монохидрат
- Натриум хлорид
- Натриум хидрогенкарбонат
- Калиум хлорид
- природна арома на банана/мандарина
Што е дехидрација?
Дехидрацијата е дисбаланс помеѓу електролитите и водата во телото, предизвикан од дијареа, повраќање или изложеност на висока температура.
Rehydrosal претставува тераписки избор за правилен надомест на електролитите, додека слатките и газирани пијалоци доведуваат до влошување на симптомите заради премногу шеќер и не треба да се конзумираат. Проблемот со дехидрација може да се развива постепено, затоа што е во прашање кумулативен процес: ако првиот ден детето е дехидрирано 1% или 2% и не ја надомести течноста во текот на ноќта, на крајот на другиот ден детето е дехидрирано 2% или 4%.
Многу е важно да се следи детската хидрација и благовремено да се започне со давање на Rehydrosal.
Како се зема Rehydrosal прашок?
Количеството на орален рехидрационен раствор кое е потребно да се внесе зависи од тежината на детето/лицето и степенот на дехидрација.
Rehydrosal се препорачува кај блага дехидрација, со следниве рани знаци:
- Сува уста и јазик
- Намалена зачестеност на мокрењето (сува пелена кај децата)
- Нема/малку солзи при плачење
Начин на примена:
Содржината на кесичката растворете ја во 200ml зовриена и на собна температура оладена вода. Подготвениот раствор е употреблив 24 часа. Се дава во мали порции (со лажичка или на голтка од шишенце, односно шолја).
Според степенот на дехидрација, доенчињата и малите деца треба да земаат Rehydrosal во доза од 50-100 ml/kg т.м во текот на 4-6 часа. Доколку не се воспостави состојбата на нормална хидрација, постапката се повторува на 6 часа по истиот принцип.
Рехидрацијата и одржувањето на состојбата на нормална хидратизираност кај поголемите деца и возрасните се базира врз сличен принцип, сразмерно поголемиот внес на Rehydrosal, од 1-3 литри дневно.
Rehydrosal прашок не ја запира дијареата, но го хидратизира телото при нејзиното траење и поминување. Како и кај остантите причини, дел е од терапијата на патничката дијареа, особено во зоните со топла клима. Кај повраќањето, треба да се почека 10 минути да се одмори стомакот, и потоа да се започне полека со давање на подготвениот раствор.





