Rekonazol 2% krem / Реконазол крем
Кetoconazole
Локален третман на:
- кандидијази (вулвитис, питриасис версиколор, себороичен дерматитис предизвикан од Malassezia),
- како и дерматофитни инфекции на кожата
- тинеа корпорис,
- тинеа крурис,
- тинеа манус
- тинеа педис инфекции.
Општи податоци:
– тинеа версиколор: 2-3 недели,
– тинеа корпорис: 3-4 недели.
Доколоку после 4 недели третман не се добие клиничко подобрување, дијагнозата треба да се преиспита. Потребно е да се спроведуваат основните хигиенски мерки за да се спречи појавата на инфекции или реинфекции.
Себороичниот дерматитис е хронична инфекција со чести релапси.
Користење:
Тинеа педис:
Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место два пати дневно. Вообичаеното времетраење на третманот кај благи инфекции е 1 недела. Кај потешки или екстензивни инфекции, третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми, за да се спречи повторувањето на болеста.
За други инфекции:
Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место еднаш или два пати дневно, зависно од тежината на инфекцијата.
Третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми.
Состав:
1g крем содржи 20 mg кетоконазол.





