Ревен крем содржи комбинирани екстракти од плод од див костен, лист од винова лоза и цвет од арника, кои се делотворни во подобрувањето на венскиот тонус кај проширени вени и зајакнувањето на отпорноста на капиларите, со што се постигнува намалување на капиларната пропустливост. Ревен кремот го ублажува воспалението и ја олеснува болката, црвенилото и отокот на местото на апликација и делува стимулирачки на циркулацијата, со што релаксира и го смирува чувството на замор и тежина во нозете.
Дозирање: Се нанесува наутро и навечер со благо втривање до потполно впивање со движења од долу кон нагоре.





