SENDO Advance 3, дигитален апарат за мерење притисок

4,550 ден

Дигитален апарат замерење на крвниот притисок, мери со клиничка точност, со патентирана технологија HIRA која открива и анализира присуство на аритмија

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

SENDO Advance 3 / Апарат за мерење крвен притисок со само едно копче: полесно од тоа не може да биде.

  • SENDO Advance 3 со технологијата HIRA
    Дома го мери крвниот притисок со клиничка точност
  • Се одликува со патентирана технологија HIRA која открива и анализира аритмија
  • Пријателски за корисникот – само притиснете едно копче
  • 5 години гаранција
  • Опции за големина на манжетни M (22 – 32cm) и L (31 – 45cm)
  • Вклучени се батерии и адаптер за струја
  • Практична кутија за складирање отпорна на удари

Mерењето на крвниот притисок со SENDO е повеќе од лесно. Само седнете, ставете ја лентата и притиснете го копчето. Почекајте 30 секунди и вашите исчитувања/вредности на крвниот притисок ќе се појават на мониторот. Тоа е се, не се потребни специјални вештини!

Единствениот услов е претходно да се запознаете со неколкуте основни правила во врска со позиционирањето на телото и раката додека ги земате вредностите.

  • Седнете удобно во столицата. Ставете ја раката на маса. Не прекрстувајте ги нозете. Држете ги стапалата целосно спуштени на подот и исправете го грбот.
  • Ставете ја лентата на раката (се препорачува левата рака) со центарот на лентата на истото ниво со вашето срце.
  • Останете мирни и бидете тивки за време на мерењето.

За повеќе информации во врска со мерењата, ве молиме прочитајте го упатството со инструкции кое што следува заедно со секое SЕNDO.