SodaDigest Soda bikarbona / Сода дигест сода бикарбона /
Сода бикарбонa е ефикасен, брзо делувачки антацид, средство кое го неутрализира вишокот на желудочна киселина. Како слабо алкална супстанца,
- ја намалува киселоста во желудникот,
- ја нормализира неговата pH вредост,
- па со самото тоа доведува до намалување на симптомите на киселина.
Зголемената киселост на желудочната содржина често е предизвикана од консумирање на кисела и мрсна храна, кафе и алкохол.
Пропратена е со низа на непријатни симптоми:
- болки во стомакот,
- кисело подригнување,
- пецкање или жарење во пределот на грлото и желудникот.
Оштетувањето на желудочната слузница може да предизвика настанување на гастритис или чир на желудникот, па потребно е зголемената киселост на желудникот да се третира со благи антациди, како што е сода бикарбона.
Активна супстанца во таблетите Сода бикарбона, Натриум хидрогенкарбонат, е со фармацевтски квалитет, пречистена и детално испитана, па со самото тоа и побезбедна за употреба од прехрамбената.





