Sun Fluide SPF 50+, 50ml

1,050 ден

Емулзија со SPF 50+ за нормална до комбинирана осетлива кожа и кожа склона кон создавање акни.

Нема на залиха

Sun Fluide SPF 50+ за нормална до комбинирана осетлива кожа и кожа склона кон создавање акни.

Корисните ефекти од сонцето се многубројни. Но, посебно кога е во тек (или претходи) орален или локален медицински третман, сончевите зраци можат да бидат штетни и да резултираат со фото-осетливост (изгоретини, чувство на пецкање, чешање). Кога изложените делови се оставени незаштитени, се појавуваат кафеави пеги, посебно за време на бременост. Многу често изложувањето на сонце може да предизвика мали (црвенило) или многу негативни (оштетувања на кожата) ефекти. Сето тоа води до предвремено стареење на кожата. Специјално дизајнирана за хиперсензитивна кожа, за типови на луѓе со светол тен и светла коса (плава, црвена) и воопшто, во случаи на изложеност на сонце во периоди на силно сончево зрачење.

Базирана на MPI-SORB кој нуди заштита од UVA и UVB зраци (максимална апсорпција на спектрумот), комбинира патентирани минерални филтри (M.P.I**) со TINOSORB М+S. Исто така содржи прекурзор на витамин Е, антиоксидансот Пре-токоферил, кој помага во зајакнувањето на кожната бариера + Cucurbita pepo (екстракт од тиква), кој ја регулира секрецијата на себумот.

Богата со Авен Термална Изворска Вода, со нејзините смирувачки и анти-иритирачки дејства, Емулзијата 50+ како Ултра Висока заштита е соодветна и за многу осетливите кожи. Благодарение на нејзината лесна и неизмастувачка формула лесно се нанесува и брзо се впива, дава мат ефект и поради тоа е вистинско задоволство да се користи.

Упатство за употреба: Пред изложување на сонце, да се намачка средството на деловите на телото изложени на сончевото зрачење. Никогаш не се изложувајте на сонце многу долго време дури и ако сте заштитени со средство за заштита. Повторувајте го мачкањето на средството често, посебно после пливање или продолжени периоди на изложеност. Избегнувајте изложеност на сонце помеѓу 12:00 и 16:00 часот. Изгоретините од сонце се опасни, посебно кај деца.