SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN, 60 капсули

700 ден

MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN  е супериона формула која ги содржи сите витамини и минерали неопходни за одржување на доброто здравје. Помага во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN

МУЛТИВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ СО ЛУТЕИН

Што претставува MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN ?

MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN  е супериона формула која ги содржи сите витамини и минерали неопходни за одржување на доброто здравје. Помага во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини.

Витамините и минералите се природни материи кои му се потребни на нашиот организам за негов раст, развој и правилно функционирање. MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN содржи антиоксиданси – витамини и микроелементи во препорачани дневни дози и се употребува како превенција од некои заболувања и одредени здравствени состојби.  Целта на нивната примена е да се надомести недостатокот што може да појави поради неквалитетна исхрана, или консумирање на храна со мали количини на витамини и минерали.

Дејство на MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN

Користа од примањето мултивитамини и минерали е огромна и повеќекратна. Покрај придржувањето кон правилната исхрана, потребно е дополнително внесување на витамини и минерали во адекватни дози за обезбедување на максимална нутритивна поддршка.

Истражувањата покажале дека најголема корист од редовно земање на додатоци од мултивитамини и минерали имаат хронично болните лица и постарите лица. Воочено е дека кај нив се намалува зачестеноста од инфекции и воспаленија, а при мерење на теломерите од хромозомите е докажано дека со земањето на мултивитамини може да се продолжи и животниот век.

Лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл.

Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта  Откако ќе се внесе лутеин во организмот, тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.

MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN дава поддршка на целокупното здравје и благосостојба:

  • Неутрализирајќи го штетното влијание на слободните радикали го подобрува имунолошкиот систем на организмот.
  • Придонесувајќи за одржување на нормална срцева функција и активноста на крвните садови.
  • Подобрувајќи го расположението и когнитивните способности.
  • Обезбедувајќи нормална густина на коските и нормална функција на мускулите.
  • Учествувајќи во формирање на крвни елементи и клеточни мембрани.
  • Придонесувајќи за одржување на нормален вид, кожа, коса, слузница, заби.
  • Намалувајќи го стресот и исцрпеноста и подржувајќи го нормалното функционирање на нервниот систем.
  • Одржувајќи го целокупното здравје на организмот.

Предности на SYNERGY MULTIVITAMINS & MINERALS WITH LUTEIN

  • Содржи препорачани дози на сите витамини и минерали наменети за орална употреба.
  • Истражувањата што се вршени на Харвардскиот универзитет покажуваат дека употреба на дневна доза од 6 mg лутеин, го намалува оштеувањето на макулата за 40 %.
Состојка Количина
Vitamin A (Retinyl Acetate) 800 mcg
Beta carotene (Provitamin A) 6mg
Vitamin C (Ascorbic Acid) 80 mg
Vitamin D (Cholecalciferol) 10 mcg
Vitamin E (D-alpha tocopherol) 30 mg
Vitamin B1 (Thiamine Hydrochloride) 4 mg
Vitamin B2 (Riboflavin) 4 mg
Vitamin B3 (Niacin) 16 mg
Vitamin B6 (Pyridoxine Hydrochloride) 6 mg
Folic Acid 400 mcg
Vitamin B12 (Cyanocobalamin) 9 mcg
Biotin (D-biotin) 150 mcg
Pantothenic Acid (D-calcium Pantothenate) 10 mg
Calcium (Carbonate) 160 mg
Phosphorus (Calcium Hydrophosphate) 125 mg
Magnesium (Oxide) 100 mg
Zinc (Oxide) 15 mg
Iron (Ferrous Fumarate) 18 mg
Copper (Sulphate) 2 mg
Manganese (Sulphate) 2 mg
Iodine (Potassium Iodide) 150 mcg
Chromium (Chloride) 120 mcg
Potassium (Chloride) 40 mg
Molybdenum (Sodium Molybdate) 25 mcg
Selenium (Sodium Selenite) 50 mcg
Lutein 3 mg
Vitamin K (Phylloquinone) 30 mcg
Дозирање Една капсула на ден после оброк.