TYLOL COLD сируп за деца

220 ден

TYLOL COLD сируп за деца 100 ml- Овој препарат може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

TYLOL COLD сируп за деца

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

Секои 5 ml од ТАЈЛОЛ КОЛД сирупот содржат:

  • 160 mg парацетамол,
  • 1 mg хлорфенирамин малеат,
  • 5 mg декстрометорфан хидробромид
  • 15 mg псеудоефедринхидрохлорид.

Парацетамолот е лек против болка кој припаѓа во групата на неопиоидни аналгетици.
Парацетамол исто така има аналгетично и антипиретично дејство.

Хлорфенирамин припаѓа во групата на лекови наречени антихистаминици кои помагаат при ослободување на симптомите на алергија како: ринореа, назална
конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите. Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој го отстранува чувството на затнат нос.
Декстрометорфан е антитусик (ја ублажува кашлицата).
Овој лек може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.

Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи
важни информации за вас.

Овој лек се издава без лекарски рецепт. Сепак вашето дете треба да го зема ТАЈЛОЛ КОЛД сируп внимателно, за да се постигнат најдобри резултати.