Tylol hot кесички за возрасни

400 ден

Овој препарат може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Tylol hot кесички за возрасни

Тајлолхот, Тајлол хот

Секоја кесичка од 20г содржи:

  • 500мг парацетамол,
  • 4мг хлорфенирамин малеат,
  • 60мг псеудоефедрин HCL,
  • натриум бензоат
  • кинолин жолта како боја,
  • сахароза како засладувач,
  • прашок со вкус на лимон како ароматично средство.

Парацетамолот е лек против болка кој припаѓа во групата на неопиоидни аналгетици.
Парацетамол исто така има аналгетично и антипиретично дејство.

Хлорфенирамин припаѓа во групата на лекови наречени антихистаминици кои помагаат при ослободување на симптомите на алергија како: ринореа, назална
конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите.

Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој го отстранува чувството на затнат нос.

Овој лек може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.

Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи
важни информации за вас.