Vamex, 30 таблети

620 ден

Таблетите Vamex 130мг претставуваат природен хербален лек за смирување. Активните супстанции кои влегуваат во составот на хербалниот лек имаат благо анксиолитично…

Нема на залиха

1. Што претставува хербалниот лек Vamex 130mg и за што се употребува
Таблетите Vamex 130мг претставуваат природен хербален лек за смирување.
Активните супстанции кои влегуваат во составот на хербалниот лек имаат благо анксиолитично, седативно, карминативно и антисептично дејство.
Вамекс 130mg може да Ви помогне за ублажување на симптомите при:
• Состојба на психичка напнатост, стрес и вознемиреност
• Несоница

Ако имате Алцхајмерова болест Vamex 130mg може да го користите како дополнителна терапија за ублажување на симптомите и намалување на вознемиреноста.
Маточината во состваот на хербалниот лек го забрзува процесот на зацелување на промените во случај на инфекција со Herpes simplex и помага да се спречи ширење на инфекцијата.
Покрај наведените индикации маточината традиционално се употребува и при лесни гастроинтетсинални тегоби и може да Ви ја намали надуеноста на цревата.

2. Што треба да знаете пред да го употребите хербалниот лек Вамекс 130мг мојте да го употребувате Вамекс 130mg ако:
– сте преосетливи кон валеријана, маточина, хмељ или кон било која друга состојка на препаратот (видете дел 6 за помошни супстанции)
– имате билијарни калкулуси (камен во жолчни патишта), холангитис (воспаление на жолчните патишта) или било кое друго нарушување на хепато-билијарниот систем.
– Проблеми со тироидната жлезда

Бидете посебно внимателни со Vamex 130mg:
Хируршки интервенции: ако треба да ви се изврши хируршка интервенција терапијата со Вамекс 130mg треба да ја прекинете најмалку 2 недели пред хируршката интервенција (ризикот од потенцирање на седативниот ефект)
Глауком; употребата на маточина може да доведе до зголемување на интраокуларниот притисок (притисокот во окото). Ако имате глауком не треба да го употребувате лекот.
Илеус или други осптрукции на дигестивниот систем; ако имате опструкција на дигестивниот систем валеријаната може да доведе до појава на абдоминална болка (болка во стомакот), грчеви и последователно влошување на Вашата состојба.
• Вамекс не се препорачува за употреба кај деца помлади од 12 години, бидејќи ефикасноста и безбедноста не се доволно испитани
• Вамекс 130 mg не се препорачува за употреба за време на бременост доење бидејќи ефикасноста и безбедноста не се доволно испитани

Ако некое од горенаведените предупредувања се однесува на Вас пред да почнете да го употребувате препаратот Ве молиме да се обратите за совет кај Вашиот доктор.

Употреба на Вамекс 130 mg со храна или пијалок Препорачливо е да не се конзумира алкохол за време нa третманот со ВАМЕКС130mg.
Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек. Не се изведени студии за безбедноста со употреба на Вамекс 130 mg кај бремени жени и доилки. Во одсуство на податоци за безбедност хербалниот препарат не се препорачува за употреба за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење на автомобил или ракување машини:
Составните компоненти на Вамекс 130mg може да доведат до појава на вртоглавица и поспаност и може да влијаат врз Вашата способност за возење и ракување со машини. Ако Ви се јави вртоглавица или поспаност не треба да возите и управувате со машини.

Важни информации за некои составни компоненти на Вамекс 130mg Нема други составни компоненти за кои има важни информации.

Земање на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови) Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.