Veno Max, 30 капсули

660 ден

Уникатна формулација на диосмин, хесперидан и ресвератрол

Помага во лекување на венска инсуфициенција и проширени вени

Помага при хемороиди

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Veno Max / Вено Макс /

Veno Max содржи оптимален сооднос на биофлавоноиди диосмин и хесперидин, со додавање на растителен полифенол транс-ресвератрол. Наменет е за третман на венска инсуфициенција и хемороиди.
Диосмин и хесперидин се биофлавоноиди кои имаат антиоксидантно, антиинфламаторно и вазопротективно дејство, а се користат во лекување на венска инсуфициенција и хемороиди.
Диосмин и хесперидин во оптимален сооднос 90:10 ги штитат вените, го зголемуваат нивниот тон, ја намалуваат капиларната пропустливост, ја зголемуваат капиларната отпорност и овозможуваат нормален проток на крв.
Ресвератролот е растителен полифенол кој покажува антиоксидантно, антиинфламаторно, антиатерогено, кардиопротективно и антипролиферативно дејство. Постои во форма на цис и транс изомери, од кои транс изомерот е биолошки активен. Благодарение на својот антиоксидативен потенцијал, ресвератролот го штити ѕидот на крвните садови од оштетување, а поради неговото антиинфламаторно дејство го спречува прекумерното ослободување на проинфламаторни цитокини. Ресвератролот влијае на ослободувањето на азот моноксид (NO) и на тој начин придонесува за одржување на хомеостазата на васкуларниот тонус.
Се препорачува употреба на капсули Veno Max cps:

Хронична венска инсуфициенција (болни, уморни нозе и тешки нозе, оток, ноќни грчеви и утрински замор на нозете)
Проширени вени
Акутен хемороиден синдром
Пакување: 30 капсули

Начин на употреба: 1 капсула на ден или по препорака на лекар.
Состав на производот:

Активни состојки 1 капсула 100 g производ  NRV*/PDU**
Диосмин 450 mg 56,96 g /
Хесперидин   50 mg   6,33 g /
Транс-ресвератрол 100 mg 12,66 g /

 

Досега немате прегледано ниту еден производ.