Veno Max krem / Вено Макс крем /
Вено Макс кремот содржи есцин, дихидрокверцетин, гел од алое вера и екстракт од цвет од камилица, со додаток на ментол. Се користи за ублажување на тегоби кои настануваат како последица на нарушувања на венската циркулација во нозете: отоци, болки, грчеви, чувство на тешки и уморни нозе, парестезија.
Есцин, активниот принцип на див костен, ги смирува воспалителните процеси, го штити и зајакнува ѕидот на крвните садови, ја зголемува нивната отпорност и ја намалува пропустливоста на течности, а со тоа го намалува отокот.
Дихидрокверцетинот е биофлавоноид кој благодарение на неговото антиоксидантно и антиинфламаторно дејство ја штити структурата и функцијата на ѕидот на крвните садови.
Гелот од алое вера придонесува за хидратација и епителизација на кожата и овозможува подобра апсорпција на активните принципи на производот.
Екстрактот од камилица ги смирува воспалителните процеси и иритациите на местото на апликација.
Ментолот обезбедува пријатно чувство на ладење, придружено со подобрување на микроциркулацијата и олеснување на поплаките на местото на апликација.
Индикации:
Се препорачува да се користи:
Хронична венска инсуфициенција
Проширени вени
Оток, болка, грчеви, парестезија
Чувство на тешки и уморни нозе
Модринки
Пакување: 100 ml
Начин на употреба: 2-3 пати на ден, нанесете ја кремата во тенок слој на саканото место и нежно масирајте (од врвовите на прстите нагоре).
Може да се користи под завои, чорапи и компресивни чорапи за вени.
Состав на производот: Aqua Purificata, гел од алое вера, етанол, ментол, екстракт од камилица, полиакриламид, екстракт од хипокастани (Escin 20%), полисорбат 80, дихидрокверцетин, титаниум диоксид, метилпарабен, пропилпарабен