WAYA RefluStop, 14 ќесички

590 ден

За ублажување на симптомите на гастроезофагеалниот рефлукс, како: киселина, киселина за време на бременост, враќање на желудочна киселина…

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

WAYA RefluStop /

WAYA RefluStop – За возрасни и деца над 12 години

Проверен квалитет

WAYA® RefluStop кесичките претставуваат медицинско средство за ублажување на симптомите на гастроезофагеалниот рефлукс, како што се: киселина, киселина за време на бременост, враќање на желудочна киселина

Практични примери за употреба на WAYA® Reflustop:

  • Чувство на печење во пределот на градите
  • Кога имаме рефлукс на киселина
  • При воспаление на хранопроводникот предизвикано од рефлукс
  • Кога имаме тешкотии при голтање и проблеми со болно голтање
  • Киселина за време на бременоста

Зошто да одберете WAYA® RefluStop?

  • Благодарение на синергистичкото дејство на состојките, WAYA® RefluStop механички го спречува рефлуксот за помалку од три минути, го ублажува печењето во пределот на градите, ја штити и регенерира слузницата.
  • Кога содржината ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера, која пак го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот.
  • Карбонатот и бикарбонатот истовремено помагаат да се намали киселоста во желудникот. Дополнително, хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот ја штитат и обновуваат слузницата. Предноста на производот WAYA® RefluStop е тоа што не содржи натриум алгинат, туку магнезиум алгинат, па затоа е безбеден за употреба дури и кај пациенти кои треба да го намалат внесот на натриум.
  • Нема познати несакани ефекти поврзани со употреба на WAYA® RefluStop кесички.
  • Во случај на нивна појава обратете се кај вашиот лекар.