XIBIZ NATURAL PROTECTION спреј 100ml

280 ден

На ефикасен и природен начин ја штити кожата од убоди од комарци и инсекти. Безбеден е за примена кај деца постари од 2 години.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

XIBIZ NATURAL PROTECTION спреј 100ml /

Xibiz natural protection спреј 100ml, наменет за деца и возрасни. Без присуство на парабен, парфем и алкохол, на ефикасен и природен начин ја штити кожата од убоди од комарци и инсекти. Неговата формула на база на етерски масла од босилек, рузмарин, лаванда, пантенол, бисаболол, витамин Е и лимонска трева, го прави сигурен, ефикасен и погоден дури и за многу чувствителна кожа кај деца. Едноставен е за примена. После нанесувањето не остава траги од флеки и масни наслаги. Со рамномерното нанесување на спрејот на откриени делови на кожата, се обезбедува заштита од убоди од комарци и до три часа после примената на производот.

Безбеден е за примена кај деца постари од 2 години.

Xibiz е доста практично решение за заштита на кожата од комарци на патување.

Xibiz natural protection спреј е регистриран како биоциден производ.

Состав:

  • Етерско масло од босилек
  • Етерско масло од рузмарин
  • Етерско масло од лаванда
  • Лимонска трева (Lemongrass)
  • Пантенол
  • Бисаболол
  • Витамин E

Се препорачува:

  •  За заштита од убоди од комарци и други инсекти

Упатство:

Препаратот ги одбива комарците со своите природни ароматични мириси на откриените делови на кожата на кој е нанесен. Се применува со рамномерно втријување на откриени делови на телото кои треба да се заштитат од убоди од комарци (3-4 притиснувања на пумпицата) и рамномерно размачкување со рацете. После нанесувањето на спрејот, кожата е заштитена два и пол часа. Производот се користи по потреба.