Forvita vitamin B12
- Cyanocobalamin
- Сублингвални таблети 100 µg
- Се издава без рецепт
ШТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА Витамин Б12 И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Витаминот Б12 е есенцијален витамин кој е растворлив во вода и кој во природата е присутен само во храна од животинско потекло и треба да се внесува со храна или со користење производи кои содржат витамин Б12.
Овој витамин е кофактор на два важни ензими неопходни за анаболните и катаболните процеси во организмот и има клучна улога во синтезата на ДНК, липидите и протеините, во клеточната делба, формирањето на еритроцитите и во миелинизацијата на нервните клетки.
За што се употребува граничниот производ ФОРВИТА Витамин Б12
ФОРВИТА Витамин Б12 придонесува за:
- Нормална функција на имуниот систем;
- Нормални психолошки и невролошки функции;
- Нормално формирање на еритроцити;
- Нормален метаболизам на хомоцистеинот;
- Нормална клеточна делба;
- Нормален енергетски метаболизам;
- Намалување на замор и слабост.
ФОРВИТА Витамин Б12 не претставува замена за стандардната пропишана терапија.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
ФОРВИТА Витамин Б12 сублингвалната таблета се става под јазикот и се остава да се раствори неколку минути. Не се препорачува голтање, бидејќи со тоа значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефикасност.
ФОРВИТА Витамин Б12 сублингвалните таблети може да се земаат со или без храна.
Начин на употреба:
Возрасни и деца над 14 години: една таблета дневно се става под јазик. По потреба дозата може да се зголеми на 3 (три) таблети дневно.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
ФОРВИТА Витамин Б12 не содржи глутен и лактоза.
Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.
ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА
ФОРВИТА Витамин Б12 не треба да се употребува при пречувствителност на витамин Б12 или на било која состојка на ФОРВИТА Витамин Б12.
Пред употреба на ФОРВИТА Витамин Б12 потребна е консултација со лекар или фармацевт.
СОСТАВ
Една сублингвална таблета содржи 100 µg витамин Б12 (Cyanocobalamin).





