SABESP меки капсули

360 ден

SABESP меки капсули-за полесно исфрлање на вишокот акумулирани гасови во гастроинтестиналниот тракт

 

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

SABESP меки капсули

Содржи симетикон којшто ја намалува површинската тензија на слузта и гасните меури кои што се наоѓаат во цревата и на тој начин овозможува полесно исфрлување на вишокот акумулирани гасови во гастроинтестиналниот тракт.

Се употребува за:

  • Ублажување на симптомите на вишок интестинални гасови, вклучувајќи: надуеност, флатуленција, подждригнување
  • Отстранување на гасови и воздух од стомачната празнина пред радиолошки дијагностички испитувања, испитувања со ултразвук и ендоскопија

Состав:

Една желатинска капсула содржи: 80 мг симетикон.

Дополнителни состојки: желатин, глицерол, хинолон жолта боја.

Употреба:

  • Симптоми на вишок на интестинални гасови: флатуленција, надуеност, подждригнување:

Лица над 18 години: 1 капсула 3-4 пати во текот на 24 часа.

  • Подготовка за дијагностички испитувања:

Денот пред тестот: 1 капсула, 3 пати на ден, на денот на тестот: 2 капсули наутро на празен стомак.

Капсулите можете да ги испиете пред, за време на или по јадење со соодветна количина течност (околу 1 чаша вода).

Ако пропуштите доза, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Не надминувајте ја препорачаната доза.