Analgin таблети

100 ден

Aкутни силни болки по повреди или по операции; стомачна болки во форма на колики (спазми); болки кај малигни заболувања; фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови. Аналгинот ја смирува болката и ја намалува покачената телесна температура.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Analgin таблети

СОСТАВ

Metamizole sodium monohydrate 500 mg

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Таблета

ДЕЈСТВО

Аналгин – Метамизолот е пиразолонски дериват од групата ненаркотични аналгетици. Поседува аналгетично, антипиретично, антиинфламаторно и спазмолитично дејство. Ефектите на метамизол се остваруваат преку централни и периферни механизми. Централното дејство е резултат на потиснувањето на чувството за болка во централниот нервен систем и инхибирање на циклооксигеназата во мозокот. На периферијата, метамизолот ја инхибира синтезата на простагландините кои ги стимулираат ноцицепторите и предизвикуваат болка.

 

ИНДИКАЦИИ

  • Aкутни силни болки по повреди или по операции;
  • стомачна болки во форма на колики (спазми);
  • болки кај малигни заболувања; фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови.
  • Аналгинот ја смирува болката и ја намалува покачената телесна температура.

 

ПАКУВАЊЕ

Analgin таблети – 10 таблети