Неопислива сензација на допир на меката бебешка кожа може да се совпадне со мазната и нежна крема за тело на Bebble. Идеален за секојдневно негување и хидратација на кожата на бебето, кремот лесно се измазнува и брзо се апсорбира, без да остави мрсни траги. Неговата специјална формула е богата со природни масла кои помагаат во негување и омекнување на деликатната кожа за бебиња и обезбедуваат заштита во текот на денот.
Овој нежен крем е збогатен со: сончогледово масло, германско есенцијално масло од камилица (Бисаболол) и масло од кокос. Исто така содржи и:
Масло од маслинка – Богато со незаситени масти, брзо продира во кожата и обезбедува длабока хидратација. Тоа помага да се омекне кожата, и дава мазно и свиленкасто чувство.
Масло од пченични ‘ркулци – Оваа масло е апсолутен шампион во однос на природната содржина на витамин Е. Богато е и со други витамини (А, Б, Д, Ф, ПП), пантотенска и фолна киселина, омега-масни киселини и бета-глукани; супстанции кои ја стимулираат природната заштита на кожата од микроби, загадување и УВ зраци.
Д-пантенол – Познат како про-витамин Б5, Д-пантенол и дава на кожата мек и мазен изглед. Продира во надворешниот слој на кожата и ја одржува природната рамнотежа на влагата на кожата, додека истовремено го стимулира растот и регенерацијата на клетките.
Витамин Е – Витаминот Е е најефикасен антиоксиданс. Помага во зајакнување на имунолошкиот систем и е од суштинско значење за одржување на еластичноста и виталноста на кожата. Ги намалува штетните ефекти на сонцето и обезбедува дополнителна заштита на кожата.







