ALOE VERA BIOAKTIVEN GEL/Алое Вера биоактивен гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.
Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.
Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.
Се препорачува:
- По сончање, бричење, депилација, епилација, радијација
- Кај полесни изгореници
- Кај алергиски промени на кожата
- Кај црвенила и првутење на кожата
- Кај акни
- Кај екцеми
- Кај убоди од инсекти
- За дополнителна нега на многу сува и чувствителна кожа
Состав:
- екстракт од листот на Aloe vera
- масло од чајно дрво
- пантенол
- витамин Е
- ментол





