ALOE VERA GEL TEXAS ORGANICS, 946ml

1,239 ден

Гелот и сокот во внатрешноста на алое вера се природен хербален лек, корисен за проблеми со кожата и дигестивни нарушувања.

Одгледани под строги стандарди на органско производство

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

ALOE VERA GEL TEXAS ORGANICS / АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ

Алое вера гелот на американската компанија Texas Organics претставува висококвалитетен додаток во исхраната, добиен со цедење на сокот од целите листови на растението алое вера барбаденсис милер, одгледани под строги стандарди на органско производство, на почва која не е загадена со хемикалии и пестициди. Специфична карактеристика е брзото време од бербата до обработката на листовите,со што се спречува оксидацијата и разградувањето на активните состојки присутни во листовите алое вера.

Алое вера гелот на Texas Organics е достапен во пакување од 946 мл.

Постојат повеќе од 300 видови алое вера растенија, но Aloe barbadensis miler е најпознато и признаено за своите лековити својства. Ова сукулентно растение природно расте во сувите и тропски предели во Африка, Азија, Европа и САД.Пред многу векови, луѓето откриле дека гелот и сокот присутни во внатрешноста на алое вера се природен хербален лек кој е корисен за проблеми со кожата и дигестивни нарушувања.Алое вера е познато по своите лековити својства веќе 6000 години. Алое вера е лијан кој има потреба од многу вода( сукулентно растение) и неговите листови содржат големи количини вода и хранливи состојки. Затоа е многу важно, алое вера да се одгледува по строги стандарди за органско производство, на почва која не е загадена со хемикалии и пестициди, бидејќи тие директно би се апсорбирале во листовите. Листовите на алое вера имаат 3 слоја : првиот слој( надворешна кора). Внатрешен гел и третиот слој т.н. “ жолт сок”. Сите три слоја се богати со хранливи состојки и затоа е важно производот од Алое вера да е направен од целиот лист.

Texas Organics е една од најдобрите компании во САД во одгледување, производство и дистрибуција на алое вера и е една од ретките компании која гарантира дека алое вера листовите се обработуваат не подолго од 4 часа од бербата, за да се сочуваат сите активни состојки во својот природен врамнотежен сооднос : алое-полисахариди, витамини, минерали и аминокиселини. Студиите ги ратификуваа алое-полисахаридите како биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте квалитети на алое вера. Централниот дел од алое вера листот има околу 2000 мг/л алое- полисахариди, а највисокиот индустриски стандард е од 1000-1200 мг/л. Целиот лист алое вера содржи околу 4000 мг/л алое-полисахариди, додека највисокиот индустриски стандард е од 2000-2400 мг/л. Освен активните алое-полисахариди, алое вера содржи и :

  • Аминокиселини :аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин ;
  • Ензими :алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза,дехидрогеназа ;
  • Минерали :калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар, калиум,алуминиум;
  • Витамини :А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин.

Компанијата Texas Organics е водечки производител на Алое вера уште од 1971 година. Како една од најголемите сертифицирани органски одгледувачи, произведувачи и дистрибутери на алое вера производи, Texas Organics им овозможува на корисниците алое вера гел со најдобар квалитет. Со целосна контрола на целиот производствен процес, алое вера гелот ги исполнува највисоките индустриски стандарди :

  • Направен е од целиот лист алое вера
  • Без додадени шеќери,скроб и вода
  • Висока концентрација на природни хранливи состојки
  • State of art технолошки процес
  • Со сертификат за органско производство

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

2 – 4 супени лажици на ден, помешани со вода или овошен сок.

За хидратација на кожата: 2-3 пати на ден се мачка на проблематичните делови на кожата.

Алое вера гелот на Texas Organics не содржи конзерванси и стабилизатори, затоа по отворањето треба да се чува во фрижидер.

Овој препарат НЕ се препорачува за бремени жени, доилки и деца под 13 годишна возраст.

Начин на употреба : 2- 4 супени лажици на ден, помешани со вода или овошен сок.
За надворешна употреба: 2-3 пати на ден се мачка на проблематичните делови на кожата.

Досега немате прегледано ниту еден производ.