Моќна формула за смирување на инфламацијата и појавата на видливиот и непријатен првут. Не ја суши кожата и косата, ја отплеткува, чисти и допринесува за здрав изглед на кожата на главата и влакното.
Со редовна употреба, козметичките производи може да помогнат во спречување на видливиот првут до 100%. Формулата против првут која содржи цинк пиритион, витамин Б6 и термална вода (со висока содржина на сулфур) се бори против првутот. Содржи аргинин, една од најраспространетите аминокиселини во косата. Прави косата да блеска, да биде сјајна и витална. Помага во одржувањето на влажноста на скалпот. Термалната вода богата со закрепнувачки минерали го измазнува скалпот и допринесува за заздравување и одржување на здравјето на кожата, присуството на пробиотици помага во регулирање и одржување на природната бариера на кожата и воедно косата има здрав изглед и природен сјај.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Соодветен за редовна употреба. Нанесете со нежно масирање доволна количина од „Bioxsine Aqua Thermal“ шампонот против првут на влажна коса и оставете да делува една минута. Исплакнете со топла вода. Повторете го процесот доколку е потребно. Во случај да дојде во контакт со очите, исплакнете со многу вода.