ASQUAM лосион за мажи 120ml/
- го отстранува најповршниот дел на кожата
- го ослободува пилосебацеалниот канал на лојните жлезди,
- го смирува воспалението,
- спречува населување на бактерии и габи
- ги отстранува масните лушпи и вишокот на маснотии од кожата
- ја прави кожата нежна и влажна
- го отстранува првутот
ИНДИКАЦИИ:
Себореја, акни, фоликулитис, првут, лесни форми на псоријаза.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Себореја на лице и на други делови на телото: еднаш до два пати на ден. Мажите со себореа, акне или фоликулитис на лице го употребуваат како лосион после бричење.
- Акне: како самостојна терапија еднаш до два пати на ден; во комбинација со крема Проакне: навечер, на сите промени се нанесува кремата. Утредента кремата се отстранува со лосион АСКВАМ, лицето се мие со топла вода, се суши и повторно се нанесува од кремата Проакне. Постапката се повторува сè до постигнување на задоволителен резултат.
- Себореа и псоријаза на поглавината: се нанесува на сува коса два пати на ден во тек на два дена. По два дена, косата се мие со шампон. Постапката може да се повторува се до постигнување на саканиот резултат.
- При козметички третмани, лосионот се употребува пред и по мануелна експресија на акне, пред и по депилација.
НАПОМЕНА:
Несакани дејства: Акутен контактен дерматитис и акутен алергичен дерматитис. Доколку на местата каде е нанесен препаратот се јави силен јадеж, пропратен со појава на ситни меурчиња, истиот треба да се отстрани со миење со топла вода и сапун; ако состојбата не се смирува, обратете се кај вашиот дерматолог. Внимавајте препаратот да не дојде во контакт со очите.
- Не содржи вештачки бои и конзерванси.





