Бенил – капки за нос – затнат нос
Употреба: Нафазолин е лек кој го намалува дотокот на крв во мукозната мембрана на носот (деконгестив). Тој предизвикува стеснување на артериолите во мукозната мембрана на носот и на тој начин го намалува дотокот на крв, го намалува отокот на мукозната мембрана и исцедокот од носот. Како резултат на тоа, се намалува чувството на запушеност на носот и се олеснува дишењето.
Какпките Бенил, кои содржат нафазолин, се наменети за симптоматско лекување на сите видови на воспаленија на носната слузница, воспаленија на носните синуси и воспаленија на средното уво, за спречување на крварење од носот и за подготовка при испитување или операција на носот.
Дозирање: Деца од 3 до 5 години: 0,5 mg/ml раствор: 1 – 2 капки на секои 6 -8 часа.
Деца од 5 – 14 години: 0,5 mg/ml раствор: 2 – 4 капки на секои 6 – 8 часа.
Возрасни: 1 mg/ml рас- твор: 2 – 4 капки на секои 4 – 6 часа (најдолго 5 дена континуирано).