BlokMAX Forte таблети

180 ден

BlokMAX Forte ја намалува болката од различно потекло. Се употребува при: главоболка, болка во грбот, менструални болки, забоболка.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

BlokMAX Forte таблети

Состав

Една таблета БлокМАКС Форте содржи 400 mg ибупрофен.

Фармацевтска форма

Филм-обложени таблети.

Дејство

Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините.

Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.

Индикации

BlokMAX Forte таблети се употребуваат при:

  • главоболки,
  • болки во грбот,
  • менструална болка,
  • забоболка,
  • невралгија,
  • ревматоидна болка,
  • мускулна болка,
  • мигрена,
  • симптоми на настинка,
  • покачена телесна температура и при болка предизвикана од полесни форми на артритис.

Пакување

Картонска кутија со 10 таблети (1 блистер).

Дозирање: Возрасни и адолесценти над 12-годишна возраст

БлокМакс форте филм – обложена таблета од 400 mg
Поединечна доза од 1 таблетa.
Вкупната дневна доза (за 24-часовен период) не смее да надмине 3 таблети   (= 1200 mgибупрофен).
Интервал меѓу две апликации: 4-6 часа

Досега немате прегледано ниту еден производ.