BlokMAX Kids сируп

230 ден

БлокМАКС за деца, исто така, ја намалува покачената телесна температура (треска), вклучувајќи и покачена телесна температура после вакцинација, и ги ублажува симптомите на настинка и грип.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

BlokMAX Kids сируп

Состав

5 ml суспензија содржи 100 mg ибупрофен.

Фармацевтска форма

Суспензија со карактеристичен вкус и мирис на кајсија.

Дејствo

Ибупрофенот претставува нестероиден антиинфламаторен лек, дериват на пропионската киселина, кој ја покажува својата активност преку инхибирање на синтезата на простагландините. Кај луѓето, ибупрофенот ја намалува инфламаторната болка, појавата на оток и покачената телесна температура.

Индикации

Ибупрофенот се употребува како аналгетик (лек против болка):

  • за намалување на мускулна болка,
  • главоболка
  • забоболка.

БлокМАКС за деца, исто така, ја намалува покачената телесна температура (треска), вклучувајќи и покачена телесна температура после вакцинација, и ги ублажува симптомите на настинка и грип.

Пакување

Шише со 100 ml суспензија.

Дозирање

Пред секоја употреба, суспензијата БлокМАКС за деца треба добро да се протресе. За дозирање треба да се користи градуираната чашка.
Намалување покачена телесна температура, болка при растење на забите, други помали болки и болки при повреди.

  • Мали деца на возраст од 3 до 6 месеци со телесна тежина над 5 kg. Доза од 2,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
  • Мали деца на возраст од 6 до 12 месеци. Доза од 2,5 ml може да се земе 3-4 пати во тек на 24 часа.
  • Деца на возраст од 1 до 3 години. Доза од 5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
  • Деца на возраст од 4 до 6 години. Доза од 7,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
  • Деца на возраст од 7 до 9 години. Доза од 10 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
  • Деца на возраст од 10 до 12 години.  Доза од 15 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.
  • Дозите треба да се даваат приближно на секои 6-8 часа. Треба да поминат најмалку 4 часа меѓу дозите.
  • BlokMAX kids е наменет за краткотрајна употреба.
    BlokMAX kids не треба да се дава подолго од 24 часа (3 дози) на деца од 3- до 6-месечна возраст.
    BlokMAX kids не треба да се дава подолго од 3 дена на деца од 6-месечна возраст или на постари.

Досега немате прегледано ниту еден производ.