NeoCistin PAC-A Urto/

БРУСНИЦА: ЗА БЛАГОСТОЈБА НА УРИНАРНИОТ ТРАКТ

BIOSLINE NeoCistin Urto, содржи екстракт од брусница (американска брусница) со високо ниво на тип А проантоцијанидини, (PAC-A). Неодамнешните научни студии покажаа дека се најактивни за благосостојбата на уринарниот тракт. Истражувањето врз основа на оваа формулација беше завршено во соработка со Одделот за фармацевтски науки на Универзитетот во Падова. Друга важна иновација во споредба со претходната формула е додавањето на кверцетин и екстракт од Колеус титриран со Форсколин. Конечно, D-Mannose, витамин Ц и есенцијалното масло од чајно дрво ја комплетираат формулата.

Начин на употреба :При првите симптоми, 2 кесички дневно, пред оброците: 1 кесичка наутро веднаш штом ќе се разбудите и 1 кесичка навечер пред спиење, да се раствори во малку вода и веднаш да се испие. За оптимален внес на производот, се препорачува да се пие малку вода околу еден час по внесувањето; потоа пијте многу вода, најмалку 2 литри во текот на денот.
Во случај кога често се јавуваат нарушувања на уринарниот тракт како резултат на сексуален однос, препорачливо е да се земе 1 кесичка после сексуален однос и 1 кесичка по 12 часа, следејќи ги постапките опишани погоре.

Содржи: Д-маноза, овошје од брусница титрирано со тип А проантоцијанидини, корен од Колеус, есенцијално масло Melaleuca alternifolia (масло од чајно дрво), кверцетин и витамин Ц.