C 1000 Complex 20 шумливи таблети
Упатството за употреба на граничниот производ содржи:
- Што претставува и за што се употребува C 1000 Complex
- Податоци кои треба да се знаат пред да се употреби C 1000 Complex
- Податоци за правилна употреба на C 1000 Complex
- Податоци за можни несакани дејства на C 1000 Complex
- Податоци за чување и рок на употреба на C 1000 Complex
- Дополнителни податоци за C 1000 Complex
- Што претставува и за што се употребува C 1000 Complex
C 1000 Complex, шумливи таблети со вкус на портокал, е производ наменет за имунитет и помага при замор и исцрпеност.
Содржи Витамин C (L-аскорбинска киселина), Витамин E (DL-алфа-токоферил ацетат) и Комплекс на биофлавоноиди од плод на агруми (Citrus spp.).
Имунолошкиот систем претставува софистицирана мрежа на специјализирани органи, ткива, клетки, протеини и супстанции, кои се развиле со цел да се заштити домаќинот од низа патогени, како што се бактерии, вируси, габи и паразити, како и клетки на рак.
Повеќедецениските испитувања покажале дека Витаминот C е клучен фактор во различни аспекти на имунолошкиот систем.
Витаминот C е есенцијален микронутриент кај луѓето, кој не може да се синтетизира во човечкиот организам. Учествува во имунолошкката одбрана на организмот и претставува силен антиоксиданс.
Витаминот Е претставува антиоксиданс кој ги штити клетките на телото. Учествува во одржување нормална функција на имунолошкиот систем.
Добро е позната превенцијата и лекувањето на заболувања, со употреба на растителни супстанции, особено флавоноиди. Овошјата и зеленчукот се природни извори на флавоноиди. Добро е етаблирана медицинската ефикасност на многу флавоноиди, и тоа како антибактериско, хепатопротективно, антиинфламаторно, антиканцерогено и антивирално дејство.
ВИТАМИНОТ С ПРИДОНЕСУВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАМОРОТ И ИСЦРПЕНОСТА И НОРМАЛНА ФУHКЦИЈА ЗА ИМУНИОТ СИСТЕМ.
ВИТАМИНОТ Е И ВИТАМИНОТ С ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЗАШТИТА НА КЛЕТКИТЕ ОД ОКСИДАТИВЕН СТРЕС.
ВИТАМИНОТ С ПРИДОНЕСУВА ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА РЕДУЦИРАНИОТ ОБЛИК НА ВИТАМИН Е.
ВИТАМИНОТ С ПРИДОНЕСУВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НОРМАЛНИ ФУНКЦИИ НА ИМУНИОТ СИСТЕМ ЗА ВРЕМЕ И ПО ИНТЕНЗИВНИ ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ.
Корисно дејство се постигнува со дополнителен внес на најмалку 200 mg витамин С дневно, покрај препорачаниот внес на витамин С.
- Податоци кои треба да се знаат пред да се употреби C 1000 Complex
Немојте да го земате/употребувате граничниот производ C 1000 Complex
- Да не се употребува за време на бременост.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ C 1000 Complex
- Лицата кои земаат лекови, претходно треба да се посоветуаат со лекар.
- Не смеат да се надминат препорачаните дневни дози.
Бременост и доење
Производот C 1000 Complex не треба да се употребува за време на бременост.
Влијание врз психофизичките способности
Нема податоци за влијанието на C 1000 Complex шумливите таблети врз способноста за возење или ракување со машини.
Важни информации за некои ингредиенти на граничниот производ C 1000 Complex
Прекумерен внес може да има лаксативно дејсто.
Замање/употреба на други медицински производи
Не е забележано взаемно делување со други медицински производи.
- Податоци за правилна употреба на C 1000 Complex
- 1 таблета да се раствори во чаша (2 dl) со вода.
- На возрасните им се препорачува 1 шумлива таблета на ден.
- Да не се надминуваат препорачаните дневни дози.
- Додатоците на исхрана не треба да се користат како надоместок или замена за балансирана исхрана.
- Важно е да се придржувате на балансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот.
- Податоци за можни несакани дејства на C 1000 Complex
Не се забележани несакани дејства при примена на C 1000 Complex. Во случај на појава на несакани дејства, посоветувајте се со лекар или фармацевт.
- Податоци за чување на C 1000 Complex шумливи таблети и рок на употреба
- Да се чува на температура до 25 o
- Да се чува вон дофат на мали деца.
- C 1000 Complex шумливите таблети со вкус на портокал не смее да се употребуваат по истекот на рокот на употреба, кој е означен на пакувањето.
- Дополнителни податоци за C 1000 Complex капсулите
Што содржи граничниот производ C 1000 Complex ?
Содржи: | Во препорачана дневна доза
(1 таблета) |
%
ПВ* |
Витамин C (L-аскорбинска киселина) | 1000 mg | 1250 |
Витамин E (DL-алфа-токоферил ацетат) | 10 mg α-TE | 83 |
Комплекс на биофлавоноиди од плод на агруми (Citrus spp.) | 10 mg | – |
* ПВ = препорачан внес
Состав: киселина: лимонска киселина L-аскорбинска киселина, регулатор на киселост: натриум хидроген карбонат, средство за задржување на влага: сорбитол, инулин, регулатор на киселост: натриум карбонат, засладувач: натриум цикламат, ароми, компиров скроб, средство за спречување згрутчување: трикалциум фосфат, сок од цвекло во прав, комплекс на биофлавоноиди од плод на агруми, DL-алфа-токоферил ацетат, засладувач: натриум сахарин, средство за боење: рибофлавини.
Како изгледаат C 1000 Complex шумливите таблети и големина на пакување?
20 шумливи таблети х 4,3 g, спакувани во туба во картонска кутија
Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет
ПхармаС Лекови дооел, бул. 8-ми Септември бр. 2/2 лок. /13 кат 4, 1000 Скопје, Македонија
Производител на граничниот производ
PharmaS d.o.o., Radnička cesta 47, 10000 Zagreb, Hrvatska; www.pharmas-group.com
Начин на издавање на граничниот производ
Граничниот производ се издава во аптека, без лекарски рецепт (БР).
Број и датум на упис во регистарот на гранични производи
12-693/2 од 23.02.2021