Caffetin таблети

100 ден

Кафетин се употребува за ублажување болка од различно потекло, како на пример главоболка, забоболка, мигрена, невралгија, ишијалгија, мускулна болка, постоперативна, посттрауматска и менструална болка.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Caffetin таблети

Кафетин – Caffetin е уникатно ефикасна комбинација од 4 компоненти: парацетамол, пропифеназон, кофеин и кодеин. Тие се идеално избалансирани со цел постигнување на аналгетски синергизам.
Ваквата комбинација на состојки кои дејствуваат по различен механизам и застапени во релативно мали дози, овозможува посилно аналгетично дејство со минимален ризик од појава на несакани ефекти.

Комбинацијата Caffetin се употребува за лекување на болка од различно потекло (секаков вид болка). На пример: главоболка, забоболка, мигрена, постоперативна болка, пострауматска болка, ишијалгија, невралгија, болки во мускулите, коските и зглобовите.

Кафетин – Caffetin дејствува многу брзо, за само 15 мин од земањето на лекот!

СОСТАВ

Paracetamol 250 mg

Propyphenazone 210 mg

Caffeine 50 mg

Codeine phosphate sesquihydrate 10 mg

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Таблета

ДЕЈСТВО

Caffetin таблети е комбиниран аналгетик.

Aналгетичното дејство е докажано за парацетамолот, пропифеназонот и за кодеинот, додека кофеинот е помошна состојка која го подобрува дејството на другите состојки.

ИНДИКАЦИИ

Кафетин се употребува за ублажување болка од различно потекло, како на пример главоболка, забоболка, мигрена, невралгија, ишијалгија, мускулна болка, постоперативна, посттрауматска и менструална болка.

ПАКУВАЊЕ

12 таблети

Дозирање:

  • препорачана доза е 1 таблета 3-4 пати на ден
  • кај многу силни болки може да се земат и 2 таблети одеднаш
  • максималната дневна доза е 6 таблети
  • кај деца над 7 год. се препорачува 1/4-1/2 таблета 1-4 пати на ден.