CANNABO EXCLUSIVE KREM ZA MAZI 50mg CBD / Канабо ексклузив крем за мажи /
Cannabo Exclusive крем за мажи 50мг CBD/50мл
Иновативна формулација со својот богат состав на хранливи материи е наменета за
интензивен третман и ефикасна регенерација, хидратација и нега на кожата кај мажи.
Со редовна употреба кожата станува мазна, мека, еластична и со видливо намалени
траги на стареење.
Детоксицира, заштитува, хидрира, ги измазнува брчките, ги зацврстува контурите на
лицето.
Состав:
ПРИРОДЕН CBD, природен екстракт добиен од растението коноп (канабис). Има
антиоксидативни својства, неутрализира слободни радикали и спречува предвремено
стареење на кожата.Дополнително има противвоспалително и смирувачко дејство,
намалува црвенило, иритација и оштетување на клетките.
24 КАРАТНО ЗЛАТО, ја подобрува циркулацијата во кожата, поттикнува клеточна
регенерација и создавање на колаген и еластин, со што кожата се ревитализира,
хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура.
КОЛАГЕН, делува против знаците на стареење, ги измазнува брчките, и ги
редефинира контурите на лицето.
ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА, ја задржува влажноста на кожата, ги пополнува брчките
и спречува создавање на нови.
ВИТАМИН Е, ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна од
штетните влијанија на околината.
ЕКСТРАКТ ОД РУЗМАРИН, делува антиоксидативно и спречува оштетување на
клетките со што се одложува процесот на стареење.
ШЕА ПУТЕР, ја смирува, измазнува и омекнува кожата.





