JAMIESON COD LIVER OIL (Vit. A+D3)

490 ден

Формулацијата е создадена исклучиво од природни извори и е фармацевтски тестирана.

  • Начин на употреба – возрасни: Земете 1 мека капсула два пати во тек на едно деноноќие.

Нема на залиха

JAMIESON COD LIVER OIL (Vit. A+D3) – Џејмисон Масло од црн дроб на бакалар

JAMIESON COD LIVER OIL (Vit. A+D3) е производ кој содржи масло од црн дроб на бакалар (Gadus morhua), витамин А (палмитат) и витамин Д3 (холекалциферол).

Витаминот А придонесува за одржување на здрави мукозни мембрани и кожа, за одржување на добар вид и за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Витаминот Д придонесува за правилна апсорпција и искористување на калциум и фосфор, за здрав раст, одржување на здрави коски и заби и за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

ДХА придонесува за нормална функција на мозокот и за одржување нормален вид.

ДХА и ЕПА придонесуваат за одржување на нормален крвен притисок, за одржување на нормално ниво на триглицериди во крвта и за нормална функција на срцето.

Формулацијата е создадена исклучиво од природни извори и е фармацевтски тестирана. Производот се произведува со 360 контролни точки и тестови за да се обезбеди негова целосна следливост, безбедност и чистота.

COD LIVER OIL (Vit. A+D3) – Состав:

1 мека капсула содржи:

  • Рибино масло од црн дроб на бакалар (Gadus morhua)…………………300 mg
  • кое обезбедува 57 mg омега-3 масни киселини:
  • Еикосапентаеноична киселина (EПA)…………………….27 mg
  • Докосахексаеноична киселина (ДХА)…………………….30 mg
  • Витамин А………………………….375 mcg/ 1250 IU
  • (палмитат)
  • Витамин Д…………………………..10 mcg/ 400 IU
  • (добиен од холекалциферол и рибино масло од црн дроб на бакалар)
  • Останати компоненти: желатин, масло од соја, глицерин.

 

  • Начин на употреба – возрасни: Земете 1 мека капсула два пати во тек на едно деноноќие.

Пакување:

COD LIVER OIL (Vit. A+D3) – Пакување со 100 меки капсули