Collagen Fortex 2000, 60 таблети

700 ден

За создавање на колаген, нормална функција на коските, рскавиците и кожата, заштита на клетките од оксидативен стрес

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Collagen Fortex 2000 / Kolagen Forteks 2000 / Колаген Фортекс 2000 /

Која е намената на Колаген Фортекс 2000 и за што се користи

•  Витаминот C придонесува за создавање на колаген за нормална функција на коските, рскавиците и кожата

•  Витаминот C придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес

Што е Колаген Фортекс 2000

Колаген Фортекс 2000  е иновативна комбинација за здрави ткива, рскавици и кожа.

Колагенот е основна состојка во сврзните ткива на организмот.

Витамин C  учествува во создавањето на колаген, за нормална функција на коските и рскавиците. Придонесува за нормален тек на метаболизмот и производство на енергија, и за намалување на исцрпеноста  и уморот.

Магнезиумот придонесува за нормално функционирање на мускулите, невротрансмисија и мускулна контракција, вклучително и на срцевиот мускул и нервниот систем, за нормална синтеза на белковини (протеини). Придонесува за нормален тек на метаболизмот и производство на енергија,  за електролитен баланс и за намалување на исцрпеноста  и уморот. Придонесува во одржување на нормални коски.

Витамин К2 (менакинон) придонесува за нормално згрутчување на крвта и одржување на нормални коски

Витамин  D придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор, придонесува за нормално ниво на калциум во крвта, придонесува за одржување на нормалните коски и придонесува за одржување на нормална мускулна функција.

Биотин придонесува за одржување на нормалната состојба на кожата и лигавиците.

Хром придонесува за нормален метаболизам на макронутриенти, придонесува за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.

Цинк придонесува за нормална синтеза на протеини и ја поддржува нормалната состојба на коските и кожата

 

Главни (активни) состојки в 4 таблети % НРВ*
Колаген 2000 mg
Витамин C (L-аскорбинска киселина) 120mg 150%
Магнезиум(магнезиум цитрат/магнезиумски соли на лимонска киселина) 75 mg 20%
Хијалуронска киеслина 20 mg
Цинк (цинк цитрат) 12mg 120%
Хром (хром пиколинат) 80 µg 200%
Биотин (D-биотин) 80 µg 160%
Витамин К (менакинон) 20µg 26%
Витамин D (холекалциферол) 8µg 160%

 

Пред да земете Колаген Фортекс 2000

Не земајте Колаген Фортекс 2000 доколку сте преосетливи на активните супстанци или на било кој од други ексципиенси. Додаток во исхраната. Не е замена за разновидна исхрана. Не ја надминувајте препорачаната доза. Прекумерната консумација може да предизвика лаксативен ефект.

Како да се земе Колаген Фортекс 2000  

4 таблети  дневно.

Како да се чува Колаген Фортекс 2000

На собна температура, подалеку од дофат на деца. Не користете го Колаген Фортекс 2000 по датумот на истекување кој е наведен на пакувањето или блистерот.

Досега немате прегледано ниту еден производ.