Coresatin® биоцидните производи претставуваат единствени и уникатни хидратантни креми со бактерицидно и фунгицидно дејство, кои го спречуваат развојот на микроорганизми при нивна апликација на иритирана, сува или инфицирана кожа.
Coresatin® биоцидните производи, содржат активна состојка хлорхексидин диглуконат (CHG), кој обезбедува антимикробен заштитен ефект за околу 6 часа и елиминира 99,99% од вообичаенo присутните бактерии, предизвикувачи на заболувања. CHG се смета за најефикасна антисептична состојка на пазарот, има докажана ефикасност во уништување на широко распространети грам-позитивни и грам-негативни бактерии, габи и вируси.
Coresatin® биоцидните производи:
Обезбедуваат ефикасна биоцидна активност при чистење и нега на кожата
Ги елиминираат бактериите веднаш по апликацијата и обезбедуваат моментална заштита
Делуваат антисептично при справување со колонизација на патогени и кожни заболувања поврзани со бактериски и габични инфекции
Помагаат во спречување на секундарни инфекции преку елиминирање на бактериите.
Докажано не ја иритираат кожата. Индексот на примарна дермална иритација е нула
Ја штитат и негуваат кожата дури и при долготрајна употреба. Нежни за кожата и лесни за употреба
Тестирани се во согласност со EN 1276, EN 1650 и EN 1500.
Coresatin Кучешки трн: растението е богато со α-линоленскa и линолнa киселинa, како есенцијални масни киселини (EFA), кои ја превенираат УВ-базираната хиперпигментација и ги редуцираат флеките на кожата поврзани со стареењето и ирегуларните обојувања на кожата, има антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно дејство, активната компонента, Омега 7 или палмитолеинска киселина е природна состојка на кожата и има навлажнувачко дејство и функција на обновување на кожата.






