Diet Shake со вкус на ванила+Slim Complex/
DIET SHAKE е диететски производ, заменски оброк за регулирање на тежината со вкус на ванила. Богат е со протеин (ги содржи сите есенцијални аминокиселини), растителни влакна и есенцијални микронутриенти (витамин Ц, магнезиум, витамин E, витамин B3, витамин B5, витамин B6, витамин B2, витамин B1, железо, витамин A, витамин B9, витамин B7, витамин B12, селен, витамин D, хром), кои помагаат за одржување на нормален и здрав метаболизам, енергија и целите за регулирање на телесната тежина. Се приготвува лесно и има одличен кремаст вкус на ванила. Користете го секој ден како замена за хранлив оброк.
Состојки: Концентрат од протеин од сурутка (од млеко; емулгатор сончогледов лецитин), декстроза, овесни трици, глукоманан, згуснувач (ксантан гума), премикс од витамини и минерали (витамин Ц (Натриум Л-аскорбат), магнезиум (Мg-ови соли на лимонска киселина), витамин E (ДЛ-алфа-токоферил ацетат), витамин B3 (Никотинамид), витамин B5 (Д-пантотенат, калциум), витамин B6 (Пиридоксин хидрохлорид), витамин B2 (Рибофлавин-5ꞌ-фосфат,натриум), витамин B1 (Тиамин мононитрат), железо (Железен натриум EDTA), витамин A (Ретинил ацетат), витамин B9 (Фолна киселина), витамин B7 (Д-биотин), витамин B12 (Цијанокобаламин), селен (Натриум селенит), витамин D (Холекалциферол), хром (Хром (III) хлорид)), ароми (ванила, млеко), силициум диоксид, прехранбена боја (жолта), засладувач (сукралоза), сол. Производот содржи млеко и глутен.
Упатство за употреба: За да приготвите вкусен шејк, измешајте 2 мерици од правот (53 g) со 250 ml топло или ладно млеко (препорачливо со 1,5 % масленост) или вода и добро промешајте додека да добиете хомоген шејк. Пред секоја употреба нежно протресете ја кутијата бидејќи состојките може да се наталожат на дното на кутијата.
Diet Shake со вкус на ванила+Slim Complex користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав и активен начин на живот.
За регулирање на тежината: Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци. Два оброци во денот заменете со вкусен шејк и изедете еден хранлив класичен оброк.
За одржување оптимална тежина: Исхрана со ограничен калориски внес во која наместо еден класичен оброк ќе изедете заменски оброк помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината. Еден класичен оброк во денот заменете со вкусен шејк и изедете два хранливи оброци.




