EASYLAX микроклизми за деца / Easylax mikroklizmi za deca /
Зголемениот волумен на течност (глицерин) предизвикува брза експанзија во долниот интестинален тракт, што резултира со силна перисталтика и нагон за дефекација, ја опушта и разводнува столицата, при што ја олеснува нејзината евакуација.
Течниот екстракт од камилица делува:
- Антифлогистички
- Антисептично
- Антиинфламаторно
- Благо спазмолитички
Слузите во течниот екстракт од бел слез делуваат:
- Емолиентно
- Ја зголемува влажноста на слузницата
Состав: активни компоненти – глицерин 2,25g
Додатни компоненти – пченичен скроб 0,02g, течен екстракт од слез 0,1g, течен екстракт од камилица 0,1g и прочистена вода.
Употреба: Се употребува како средство за прочистување, за деца и возрасни.
Дозирање:
- 1 до 2 клизми во период од 24 часа за деца
- 2 клизми во период од 24 часа за возрасни





