Екстракт од стевија

800 ден

Стевиа е природен сладок екстракт од растението Stevia Rebaudiana, билка која се користи како здрава замена за шеќер.

Нема на залиха

SWANSON Стевиа е природен сладок екстракт од растението Stevia Rebaudiana, билка која се користи како здрава замена за белиот шеќер или другите ваштачки и нехранливи засладувачи.

СВАНСОН Стевиа расте во вид на ниска повеќегодишна грмушка која потекнува од Парагвај, Бразил и други Јужноамерикански земји, но денес комерцијално се одгледува во повеќе од 50 земји ширум светот.

Нејзините листови содржат околу 10% гликозиди, кои што се слатки компоненти со силен интензитет (150-300 пати се послатки од шеќерот).

Покрај интензивно слатките гликозиди (стевиозид, ребаудиозид и дулкозид), бројни студии покажуваат дека листот на оваа билка исто така содржи протеини, растителни влакна, железо, фосфор, калциум, калај, натриум, магнезиум, цинк, рутин, витамин А, витамин Ц и растително масло кое содржи 53 фито нутриционистички состојки со висока хранлива вредност.

Позитивни ефекти:

– Оваа чудесна билка покрај своите засладувачки и хранливи својства, успешно е користена како помош кај лица дијабетес и како помошно средство за губење на тежината.

– Стевиата воопшто не содржи калории, карбохидрати или масти што ја прават идеална и природна слатка алтернатива за сите оние кои внимаваат на внесот на калории во својата исхрана или оние што сакаат да ја намалат телесната тежина.

Употреба: Како додаток во исхраната, се зема едно пакетче за засладување на кафе, чај или се додава во житарици, печива и слично.

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Досега немате прегледано ниту еден производ.