FORTINN GEL COLD 100ml

560 ден

  • Гел за ладење,
  • Ефикасно ја ублажува болката и вкочанетоста,
  • Намалува воспаление и оток,
  • При грчење на мускулите,
  • Ја зголемува подвижноста на зглобовите
За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

FORTINN GEL COLD 100ml / Фортин гел колд/

Со ефект на ладење содржи висока концентрација на активни компоненти: екстракт од мајчина душица (Thymus vulgaris), екстракт од ајдучка трева (Achillea millefolium), ментол, камфор, метил салицилат, пантенол и витамин Б комплекс, кои по нанесувањето постигнуваат пријатен чувство на ладење и освежување, обезбедувајќи постепено намалување на воспалението и болката на местото на болеста или повредата.

Fortinn® гел COLD ја подобрува циркулацијата на крвта во областа на која се нанесува, го намалува воспалението, отокот, грчењето на мускулите и ја зголемува подвижноста на зглобовите, а благодарение на пантенолот и бисабололот придонесува за зголемена влажност и регенерација на кожата над болното место.

Состав:
екстракт од мајчина душица (Thymus vulgaris), екстракт од ајдучка трева (Achillea millefolium), ментол, камфор, метил салицилат, пантенол и витамин Б комплекс (Б1, Б5, Б6).

Во кои услови се препорачува употреба на Fortinn® гел COLD?

  • Болести предизвикани од ревматски состојби
  • Болка во мускулите, лигаментите и зглобовите
  • Болка и вкочанетост во вратот и грбот
  • Нарушена подвижност на зглобовите
  • Спортски повреди на колена, рамења, колкови (исчашувања, дислокации, истегнување)
    Зошто Fortinn® гел COLD?
  • Ефикасно ја ублажува болката во мускулите и зглобовите
  • Ги намалува симптомите на воспаление и вкочанетост во грбот, вратот и рамената
  • Го забрзува закрепнувањето по спортски повреди
  • Ја подобрува подвижноста на заболените делови од телото
  • Создава пријатно чувство на ладење на местото на апликација
  • Брзо се апсорбира и лесно се нанесува
  • Безбедна долгорочна употреба
    Начин на примена:
    Нанесете мала количина гел на саканото место и нежно втријте го гелот во кожата со кружни движења. Гелот лесно се нанесува и брзо се апсорбира. Постапката може да се повтори неколку пати во текот на денот, по потреба.

Забелешки: Не се препорачува употреба на гелот кај луѓе кои се преосетливи на која било состојка во препаратот.