Forvita Resveratrol + Vitamin E

1,310 ден

Ресвератрол и витамин Е имаат антиоксидативно дејство, го одржуваат нормалниот имунитет на организмот, позитивно влијаат на нормалната функција и го штитат срцето и крвните садови, ја одржуваат нормалната функција и го штитат нервниот систем, и допринесуваат за намалување (ублажување) на симптомите при некои невролошки заболувања.

Нема на залиха

Forvita Resveratrol + Vitamin E

  • Resveratrol + Vitamin E
  • Капсули 250 mg+50 mg
  • Се издава без рецепт

ШТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е капсули е комбинација од две компоненти, и тоа ресвератрол кој е природен полифенол и витамин Е кој е есенцијален витамин.

Ресвератрол и витамин Е имаат антиоксидативно дејство, го одржуваат нормалниот имунитет на организмот, позитивно влијаат на нормалната функција и го штитат срцето и крвните садови, ја одржуваат нормалната функција и го штитат нервниот систем, и допринесуваат за намалување (ублажување) на симптомите при некои невролошки заболувања.

Транс-Ресвератрол (понатаму ресвератрол) е изомерна форма на ресвератрол и како природен полифенол е присутен во повеќе од 70 растителни видови, особено во грозје, боровинки, капини, малини, дудинки, кикирики и др.

Ресвератрол со своите антиоксидативни својства го одржува здравјето на клетките, ја одржува виталноста и го забавува стареењето на организмот.

За што се употребува  граничниот производ ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е

ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативно оштетување и  може да помогне во:

  • Одржување на нормалниот имунитет,
  • Подобрување на имуниот одговор при воспалителни процеси и заболувања (противоспалително дејство),
  • Одржување на нормалната функција и заштита на срцето и крвните садови,
  • Намалување на таложењето на тромбоцити и формирањето на коагулуми,
  • Намалување на нивото на масти во крвта и нивното таложење во крвните садови,
  • Намалување на крвниот притисок,
  • Одржување на нормалната функција и заштита на нервниот систем,
  • Намалување (ублажување) на симптомите при некои невродегенеративни заболувања (пр. деменција, когнитивна дисфункција, Алцајхмерова болест);
  • Намалување на покаченото ниво на шеќер во крвта (дијабетес).

ФОРВИТА  Ресвератрол+Витамин Е не претставува замена за стандардната пропишана терапија.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е  капсулите се наменети само за перорална употреба.

Начин на употреба:

  • Возрасни и деца над 14 години: една капсула ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е дневно.
  • Храната не влијае на употребата на ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е .
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза.
  • По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
  • ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е не содржи глутен и лактоза.
  • Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.
  • ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е  може да го употребуваат лица со дијабетес.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е не треба да се употребува при пречувствителност на ресвератрол или витамин Е или било која состојка на ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е.

Пред употреба на ФОРВИТА Ресвератрол+Витамин Е потребна е консултација со лекар или фармацевт.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 60 капсули во пластичен контејнер со пластично капаче безбедно за деца и внатрешно упатство.

СОСТАВ

Една капсула содржи 250 mg транс-Ресвератрол и 50 mg Витамин Е.